Thursday, June 28, 2007

MUZICKI VESTI..............


Легендарните Ролинг Стоунс синоќа 14.07.2007 одржаа незаборавен концерт на Ушќе крај Белград.











Легендарните Ролинг Стоунс синоќа 14.07.2007 одржаа незаборавен концерт на Ушќе крај Белград.

Спектакл на Rolling Stones во Будва

Најславниот рок состав во светот Rolling Stones, вчеравечер одржа спектакуларен концерт на плажата Јаз крај Будва, Црна Гора.
Српските медиуми проценуваат дека на рок спектаклот присуствувале околу 50.000 луѓе. Настапот на Стоунси бил одбележан и со грандиозен огномет по завршувањето на концертот, на кој имало фанови од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Албанија.
На двочасовниот концерт бендот ставил акцент на своите хитови од 60-те и 70-те години. "Здраво Будва... Добро вечер Црна Горо. Ги поздравувам сите од Црна Гора, Србија, Русија... Вие сте супер публика", извикувал постојано во текот на концертот фронтменот Џегер. По завршувањето на настапот, на инсистирање на публиката, Стоунси се вратиле на бината и отсвиреле уште три песни.

Концертот на легендите во В.И.П. ложа го следеле и претседателот на Србија, Борис Тадиќ, државното раководство на Црна Гора, како и претседателите на Бугарија и на Грузија.
Просторот на плажата Јаз е 100.000 квадратни метри, бината била широка 70, а висока 30 метри. Билет за стоење чинел 50 евра, а во В.И.П ложата дури 421 евро. Фановите пак кои сакаа да го следат концертот од непосредна близина на бината, за тоа задоволство морале да издвојат 67 евра.

Мик Џегер, Кит Ричардс, Рон Вуд и Чарли Вотс допатуваа во Црна Гора од Италија во неделата, а сместени беа во најлуксузните апартмани во хотелот “Сплендид“ во Бечиќи.
Вчеравечер поради концертот на Стоунси режимот на сообраќај во реонот на општините Будва, Тиват и Котор бил изменет. По настапот на плажата Јаз рок легендите Rolling Stones, ќе настапат на белградското Ушќе на 14 јули.




Голем концерт на “Live Earth“
Најголемите имиња на светската музичка сцена, од Madonna, Red Hot Chili Peppers, Metallica и Duran Duran, до Lenny Kravitz, Police, Shakira и други, ќе настапат в сабота на “Live Earth“ концертите ширум светот посветени на климатските промени. Освен мега-концертите, со Ал Гор како неуморен гласноговорник, настанот би требало да собере преку Интернет и Телевизијата речиси две милијарди гледачи. Програмата ќе почне на стадионот во Сиднеј, ќе продолжи во Токио, а потоа следат Шангај, Хамбург, Лондон, Јоханесбург, Њујорк и Рио де Жанеиро. Два симболични собири се предвидени во Кјото, и во една база на Антартикот каде поддршка за борба против глобалното затоплување, преку музика, ќе изразат тамошните претставници.
Концертот на плажата Копокабана за малку ќе се откажеше од безбедносни причини и беше одобрен по одлуката за безбедноста да се грижи воената полиција. Сепак, плановите за концерти пред Капитол Хил во Вашингтон, на што се противеа Републиканците пропаднаа, а во Истанбул каде има предизборна трка, властите се плашат од терористички напади. Концертите во живо ќе ги пренесуваат 120 национални телевизии, а ќе се проследат и по пат на Интернет на адресата http://liveearth.msn.com




Селин Дион и нејзиниот најголем фан
Пејачката Селин Дион се сретнала со својот најголем фан, пензионерка која ја гледала на 100 концерти во последниве четири години!
И најтврдокорните рокери и металци, тешко дека биле на концерт на својот омилен бенд повеќе од 2, евентуално 3 пати.
А Рамона Алмирез била поканета бекстејџ да и’ се придружи на Дион на нејзиниот концерт во Лас Вегас, по повод јубелејната 100-та посета.
Пензионерката редовно патувала од Сан Хозе, Калифорнија до Лас Вегас во Невада секоја втора недела, трошејќи цело богатство на пат и хотел, плус 225 долари за билет во првите редови.
Алмирез уште сега е преплашена од крајот на договорот на Селин Дион со Колосеум во Цезар Палас, кој што треба да се случи догодина.
„Ќе паднам во тешка депресија кога ќе си оди.“, изјавила таа.





Новиот албум на Принц бесплатно во весник

Американската рок sвезда Принс својот нов албум ќе го дели бесплатно преку британски таблоид пред официјалното објавување, во потег кој ги остави вџашени продавачите на музика. Новото цеде на Принс "Планетата Земја" со 10 песни ќе биде вклучен во новиот број на весникот "Мејл он сандеј", соопшти во петокот директорот на весникот, Стивен Мајрон. Албумот нема да се продава до 24 јули. "Ова никој досега го нема направено. Секогаш сме давале бесплатни цедиња и ДВД, но ова поставува ново ниво", вели Мајрон. Бесплатното давање на цедиња и ДВД е се поприсутна тактика во печатот во време кога многу весници се мачат да ги задржат читателите чие внимание е одвлечено од разни вести и забава на Интернет. Марјон не сакаше да каже колку додатни примероци планира весникот, чиј нормален тираж е околу 2,3 милиони примероци, или колку платил "Мејл он сандеј" за оваа зделка со Принс. Новиот албум на Принс доаѓа пред 21 концерт што тој ќе ги одржи во Лондон есенва. Концертите на иновативниот фанк музичар, кој направи такви пионерски дела како "Пурпурен дожд" (Пурпле Раин) во 1984 и "Знак на времињата" (Сигн О' Тхе Тимес) во 1987 и продаде околу 80 милиони албуми, ќе бидат единствените негови настапи годинава во Европа.




Spice Girls се враќаат на сцената

Обединувањето поради незапаметен неинтерес на публиката, конечно е официјално објавено во Лондон:
Седум години по разделбата, the Spice Girls најавија светски спектакуларен камбек. Светската турнеа на девојките ќе започне во Америка. Петте членки на бендот – кои сега се со по триесет и неколку години – ќе започнат на 7-ми декември во Лос Анџелес. Групата која ја сочинуваат Викторија Бекам, Мелани Браун, Мелани Чисхолм, Гери Халивел и Ема Бантон, ќе настапи во Лондон на 15-ти декември, а потоа (меѓу другите места) ќе продолжи и во Мадрид, Келн, Лас Вегас, Сиднеј, Кејп Таун и Буенос Аирес. Се очекува секоја од нив да заработи по 20 милиони долари.

5 мајки во своите триесети, на лош плејбек ќе пејат песни што беа тапа и пред десет години и ќе бидат облечени во бизарно тесни облеки, тотално несоответни за нивните години. Звучи примамливо. Како банда пијани колешки - домаќинки, што за осми март се опуштиле на некое караоке шоу, само што овде билетот ќе чини 100 долари.




Christina Aguilera

И после девет месеци од издавањето на албумот „Back to Basics” и пет и пол милиони продадени примероци, Christina Aguilera не заостанува со промотивните и концертните активности.

Актуелниот хит-песна 'Candyman' моментално се наоѓа на второто место на плејлистата Australia Top 50 Singles; песната е меѓу првите дваесет најслушани песни во Голема Британија, воедно е на 15-то место на плејлистата Euro Digital Tracks, а видеоспотот за оваа песна моментално се наоѓа меѓу 15 најеминентите видеоспотови во Голема Британија. Во САД, албумот 'Back To Basics' се наоѓа меѓу првите 60 албуми на The Billboard 200 Albums, а меѓу 30-те најпродавани странски изданија на нашиот пазар влезе пред неколку дена. Кристина со песната 'Candyman' во последните месец дена се движи меѓу 5-то и 11-то место. Таа штотуку го завршува и својот многу успешен канадски дел на концертната турнеја, а за средина на јуни скоро сигурен е нејзиниот концерт во Кина. Иако постоеа прилично големи проблеми со добивање на дозвола за овој концерт, со кинеските власти помина се како што треба, а Кристина изјави дека е пресреќна што ќе настапи таму за првпат.




PINK

PINK доживува повторo големи успеси со актуелниот албум 'I'm Not Dead'.Во САД песната 'U and your HAND' повторно стигна на првите места на бројните радиски станици, а албумот 'I'm not Dead' овие денови ја постигна продажбата од 4 милиони примероци. Оваа песна повторно се наоѓа меѓу 45-те албуми на плејлистата The Billboard 200 Albums.

Песната 'Dear Mr. President' во која ПИНК прилично остро му се обраќа на американскиот претседател Буш, важи како т.н. re-entry и моментално се наоѓа на 8-то место во Германија.

ПИНК планира да објави уште една песна од албумот 'I'm Not Dead'.




Кој е најголема стипса?


Мадона, Тоби Мекгвајер, Гвинет Палтроу и Руперт Еверет се посочени како дел од славните личности кои најмалку даваат напојници.

Келнерката од Њујорк, Катерина Тејлор, напишала роман „ Rules for Casing Goodbye“, во кој главниот лик, со исто име како авторката на романот, ги именува гостите кои даваат најбедни напојници. Тејлор, преку својот издавач потврдила дека навистина работела во Вест Вилиџ како келнерка и дека наводите во нејзината книга се веродостојни.
Еверет и Мадона, како што вели Тејлор, воопшто не оставаат бакшиш, додека меѓу познатите фаци што даваат многу мал типс таа ги наброја Тоби Мегвајер, Барбара Стрејсенд и сопругата на Џон Траволта, Кели Престон.
Авторката на романот дава и анегдота со познатиот Битлс, сер Пол Мек Картни, кој во една прилика бил толку многу пијан што не бил во состојба да остави напојница.



No comments: